Светиниколски сарми, ситни, колку едно нокте, се традиционално јадење, кое во Прилеп се подготвува за верскиот празник Свети Никола. Прилепските сармички се прават од листови кисела зелка, домашна зимница, во кои се става претходно подготвена смеса од ориз, масло и црвен пипер и се завиткува во сармичка. Сармичката е со многу мали димензии, околу 1см. и е вкусна и прстите да си ги изедеш. За домашна слава прилепската жена прави околу 500 сармички. Овие сармички се причина за градот Прилеп да го добие признанието на Гинис. Во 2008, вредните раце на прилепските жени – волонтери подготвија 80.000 сарми, за секој жител по една.
СВЕТИНИКОЛСКИ САРМИ