МОТОКРОС

Активноста која го надополнува мозаикот „Прилеп – Срце на авантури“ е изградбата на мотокрос патека кај селото Лагово. Патеката е со должина од 1650 метри и е поставена во класичен арена стил. Инфраструктурата на патеката ги исполнува сите услови за одржување натпревари од европски и светски ранг.

Во изминатите неколку години клубот за екстремни спортови Sky Riders и Општина Прилеп организираа повеќе меѓународни натпревари, меѓу кои и Европското јуниорско првенство во мото трки. Натпреварите традиционално се одржуваат во месец октомври.