ЕХО Фестивал на планински филм

14.03.2024 19:00 – 22.30 кино Мис Стон

За една недела гостуваме повторно во Прилеп, со избор од програмата од овогодинешното Ехо, а ќе ја претставиме и новата книга која ја објавивме годинава: „Пат“ на Нејц Заплотник.

Благодарност до Форум за Авангардна Креативност за партнерството низ сиве овие минати години кои го овозможуваа нашето гостување во Прилеп во нашата цел да споделуваме планинска култура во што повеќе заедници – кои имаат и докажан однос со природата и планината, за можноста да се дружиме, да споделуваме информации, да се инспирираме, да учиме…

Место и време: 14ти март (четвреток), Кино Мис Стон, НУЦК „ МАРКО ЦЕПЕНКОВ “ – ПРИЛЕП

Почеток на програмата 19:00 часот.

Програма:
Блок 1, 19:00 часот,
Претставување на најновата публикација на ЕХО: „Пат“ на Нејц Заплотник, 15’
„Еголенд“, Игнаси Лопез Фабрегас, Шпанија, 20’, 2022
„До планините и назад“, Мајк Квигли, Канада, 47’, 2022

ПАУЗА 15мин

Блок 2, 20:45 часот
„Поврзување на летови“, Николас Бриксл, Германија, 19’, 2023
„Звучен опсег“, Тими Онил, САД, 2023, 15′
„Во замрзнувач: Диретисимата Вокер“, Јаник Боисено, Франција, 27’, 2023
„АлтаВиа 4000“, Лука Матасони и Марко Тоноли, Италија, 37’, 2023

Ехо патува – подмачкано со Алгасан!