Критична маса IV

13.05.2026 16:00 плоштад Александрија

Форум за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК) и NGO Go Green работат на реализирање на проектот „Педали и приказни“ помогнати од фондацијата HEARTEFACT, во соработка со Општина Прилеп, НУЦК Марко Цепенков, СОУ Ристе Ристески Ричко, СОУ Ѓорче Петров и CLS Equipment.

Во Прилеп – како и во многу други помали градови во Македонија – јавниот простор останува недоволно искористен како место за култура, слободен израз и граѓанска поврзаност. Културните настани главно се одвиваат во затворени, институционализирани формати, што исклучува многу граѓани, особено млади луѓе уметници, надвор од системот и ги прави маргинализирани групи.
Воедно, вело-културата е недоволно развиена и сè уште не е препознаена како дел од одржливиот урбан живот, иако има потенцијал да ги поврзе луѓето со градот, со природата и едни со други. Проектот „Педали и приказни“ одговара на овие предизвици со тоа што ја отвора културата кон улицата, создава простор за дијалог, уметност и активизам и ја приближува до заедницата преку пристапен, одржлив и ангажиран формат.
Паралелно со активностите кои се одвиваат на плоштадот во центарот на градот и низ прилепските улици, учениците и нивните ментори во СОУ Ристе Ристески Ричко изработуваат мурал кој ќе биде презентиран пред прилепската јавност во последната епизода од проектот.

Во рамките на четвртата епизода, граѓаните на Прилеп ќе можат да бидат дел и да учествуваат во следните активности :
17.00 – 19.30 DJ PETE
18.30 Критична маса (возење на велосипед
низ прилепските улици)
19.30 Проекција на филмови
„Слобода на две тркала“
„Велоаџилак“

Ве охрабруваме да ги стартувате своите велосипеди и да бидете дел од проектот „Педали и приказни“.

Leave a Comment