Сабота 06.06. 2026г
09.00ч – 12.00ч пристигнување на учесниците и формирање на кампот каде ќе престојуваат
12.00 ч – 14.00 ч регистрација на учесниците и подигнување на стартните пакети
14.00 ч – 19.00ч
Активност за учесниците со ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА (џипови) на релација : Самоков – Бачилиште- Илино – Бенче – Самоков.
Активност за учесниците со МОТОКРОС и АТВ возила на релација : Самоков – Ковач – Добра вода – црква Св.Никола – над с.Битово – Самоков.
20.30ч Концерт на КУД „ 7ми Септември“ – Македонски брод
23.30 ч Повечерје
Недела 07.06.2026г
09.30ч поздравен говор на Градоначалникот на Македонски брод Г дин Жарко Ристески
09.45 старт на планинарската тура
10.00ч заеднички старт на учесниците во дисциплините МОТОКРОС и АТВ
Активност за учесниците со ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА (џипови) на релација : Требовље -Фојник – Брест – Рамне – Самоков.
Активност на учесниците со АТВ возила и мотокрос на релација : Самоков – Бачилиште – Илино – Бенче – Самоков .
2. Планинарска тура
Се стремиме кон Порече заради не толку често посетените убавини кои пленат со зеленило и недопрена природна убавина. Добра Вода е не толку посетена планина и токму заради тоа плени со својата недопрена убавина. Таа е висока венечна планина во Македонија што се издига помеѓу долината на Мала Река од исток и Кичевската Котлина од запад. Се дели на два дела: северен (познат и под името Челоица) со највисок врв Добра Вода (2.062 м) и јужен (познат како Песјак) со врвовите Кула (1.917 м) и Коњарник (1.874 м).
За вас подготвивме многу интересна тура со локалните волонтери од Самоков заради подобро запознавање на магијата на Порече. Самоков е срцето на Порече, ако не верувате дојдете и ќе видите сами.
ОПИС НА ТУРАТА:
Самоков-Сливно -Бачилиште -мал одмор кај шумските бараки – место викано Крст – Ковач – Самоков
– Ова е лесна тура со околу 12км вкупна должина . Патеката е кружна, но стартот и финишот е на местото кадешто е поставен кампот, на фудбалското игралиште во Самоков.
– Предвидено е пристигнување во кампот најдоцна до 16 часот.
ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за пешачење
– удобни чевли/ чизми (не е препорачано да се носат патики)
– Панталони со долги ногавици
– Планинарски стапчиња
– Капа и средства за УВ заштита.
– Кабаница
ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 2 литри. (вода има во селото Бенче);
– суво овошје, сендвичи и сл.
НАПОМЕНА:
– За да не дојде до оптоварување на турата, задолжително е претходно пријавување за учество;
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
– За сите планинари кои доаѓаат од Прилеп, организаторот ќе обезбеди автобуски превоз на релација Прилеп – Самоков.
16.00 – 18.00 организиран заеднички ручек (војничко гравче) за сите учесници на настанот
Во недела наутро ќе има организиран превоз на релација Прилеп – Самоков – Прилеп со автобус.
ПС.Организаторот го задржува правото да направи измена во програмските активности и рутите за возење за што навремено ќе бидете известени.
За подетални информации за настанот
Гоце Бојкоски 075 770 600